страст (имн.) - кон (предл.)

Чувствувам толкава страст кон сликањето!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нека ве инспирира рафинманот на француските гурмани, нивната побожна страст кон спојот на изворот и мемлата, на раѓањето и гниежот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го прашував дали чувствува страст кон мене, дали јас сум, можеби, проблемот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Првиот помошен (assisted) редимејд, тркалото од велосипед - кое, сметам, има врска со велосипедите во Мажјачиштето, и со Жариевата страст кон велосипедизмот - беше изведен следната година, 1913.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нејзиниот мирис беше таму, но тоа не знечеше ништо, зашто собата секогаш беше исполнета со нејзиниот мирис, не само од парфемот на нејзината пудра за лице и помадата за лице што ги употребуваше, туку и од нејзиниот сопствен специфичен мирис, кој ѝ беше во здивот, на косата и кожата, и кој беше битен елемент за неговата страст кон неа, нешта што сега го револтираа, зашто и мирисот и нејзиното тело ја играа главната улога во неверството.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден круг-талкач на Исток и еден круг-талкач на Запад почнаа да се навраќаат на една мисла: Како би било да се поделам и да ја удвостучам својата страст кон Новото?
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Страста кон него кај мене веќе беше сосема изгасната; не ни помислував дека би можела со тој човек, после толку години да се прегрнам, или да водам љубов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во својот изворен претстоунволски општествен и парадигматски контекст, како што го опишува Естер Њутн, кампот се појавил како оружје што машката геј-култура си го справила во еден очајнички, ако не и јуначки напор да ѝ се опре на моќта на убавината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)