страна (имн.) - го (зам.)

Меѓу Италијанците од времето на Мусолини, коишто ова копно дури со помош од страна го презедоа од Грција, сѐ уште беше свежо понижувањето што грчките сили им го приредија на самиот почеток од војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој понижувачки пораз и незапреното повлекување на италијанската војска на албанска територија што командата во Рим и самиот Мусолини ги доведуваше до лудило, беше прекинат со нападот на Германија врз Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прашањето, кој е тој општествен субјект кој треба да ја финансира уметноста, едно е од идеолошките прашања на различните економски системи - на едната страна го имаме социјализмот и нему сличните кадешто општествениот стандард има примарно значење и е висок, а на другата е либерално капиталистичкиот во којшто единствено важен е приватниот стандард.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Стигна по мракот и го блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари што ги чуваше чорбаџијата Малче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А од друга страна го обзеде чувство на гордост.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На таа страна го тегнеше и чувството на син и татко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна го нагласи поседувањето на непобитни докази за соработката на Д.Михајловиќ со Германците и го предупредил кралот на британските размисли да му суѓерираат елиминирање на Михајловиќ од кабинетот на владата. Foreign Relations od the United States, Diplomatic papers 1943, vol. III, Europe, 1028. 46
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тој човек, од една страна го презира, според него, анахрониот политички ангажман, но затоа пак тој верува во револуцијата изведена со помош на мас-комуникациите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од друга страна го чека човекот друга работа, т. е. како да ги програмира сметач­ките машини.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Што ти е тоа во ракавот? - му забележуваш во шинелската манжетна: тоа е уште на линијата од твојата размисла, зашто се работи за книга, а од друга страна го прекинува неговиот монолог за мезето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Од урнатините, што некогаш беа заедничка куќа, српската страна го извлече сивото одело на комунизмот и го натегна врз својот претседател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Потоа таа го зема палтото од Митко и вака превртено, со волната на надворешната страна го закачи на закачалката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Другиот ден, на работа, имав тешка главоболка која уште повеќе се зголеми кога заyвони телефонот и кога од другата страна го слушнав брат ми: “Не ојш шо не ојш, ама сé дури не ојш ќе ги кажвам што се случва овде.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Снегот од една страна го топли, вели, а од другата му ја зема топлината.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа најдобро го почувствуваа Виктор и Рада кои од страна го држеа за рацете.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секое добро од другата страна го чека лошо.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Едниот примерок од документот од задната страна го намачкав со лепило и го положив на сандакот за муниција што стоеше меѓу нас.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Александар тропна на врата. Од другата страна го слушна гласот на Бојана – Слободно!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- А оној од десната страна го искарал и му рекол: - Зар и од Бога не се боиш, кога си веќе сам осуден?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Го почестија и кочобашијата. Овој од своја страна го почести мудурот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Меѓувремено, авторот излезе на крајот на улицата и тогаш на левата страна го виде деда Стефана.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога погледна на таа страна го виде поднаредникот како лежи врз раката со која се обиде да го извлече своето оружје.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сметајќи ги неговите аргументи премногу обични и упростени постојано поаѓав од моите речиси единствени ставови и мерила: дека овој наш свет е и премногу минијатурен за да може да се живее само овде и само сега, и само според законите на Адам и Ева.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Б.С. од своја страна го спротивставуваше грубиот свет на реалноста со неговото несовршенство но и потврденото искуство низ многу тешкотии; инсистираше на воспоставените норми на однесување; укажуваше на законски регулираните начела.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нејзиното присуство од онаа страна го притискаше токму поради неможноста да продре со неа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Откако тетка Олга од другата страна го грабна телефонот, очигледно алармирана дека некој се јавува од странство, и покрај тоа што не стоев блиску до мајка ми, можев да го слушнам целиот разговор, од причина што и тетка Олга врескаше како да се довикуваат со братучетка ѝ од едниот до другиот крај на огромно поле.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На крајот попушти, откако ставив уште едно парче свинско во устата и со сила го голтнав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)