страна (имн.) - чувствува (гл.)

А од друга страна чуствувам потреба со некого сепак да разменам неколку вистински зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не ме измачуваат проблемите со кои е пренатрупан мојот случај, повеќе ме загрижуваат настаните што ќе уследат. Мислам на Даскалов, на Боге од Бањи!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислата на нив всушност ме поттикнува да побарам од иследникот некои разјаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од една страна чувствувам голема загуба и страв околу тоа што сѐ во иднина ќе се појави во врска со личноста и со душата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Од друга страна чувствуваше дека е ослободен од товарот на еден пристоен куп проверени сомненија и недефинирани заклучоци: Каква е, на пример, смислата на лубеницата што слободно шета по воздухот подржувајќи лет на непознат вид птица; или на гроздот што се обидува да избега од твојот поглед оставајќи зад себе чудни траги од патики па не си сигурен дали плодот навистина користиел нозе или само успеал да не му се покори на одамна воспоставениот закон на гравитацијата?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)