страна (имн.) - бев (гл.)

На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a по неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола. Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше хронично гладен и хронично настинат - ништо не го најадуваше и никогаш не беше дојаден, а од друга страна беше истрениран да трпи глад со денови; зиме - лете носот му течеше, кога мрсули кога водичка, па не знаеше што е тоа да ти биде топло, кога е доволно да имаш нешто на грбот колку да не ти се тресат вилиците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сега снежните ѕидови од левата и од десната страна беа толку високи, та Бојан меѓу нив не се ни гледаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од страните на леглото имаше две подебели штици, поправо од едната страна беше трупче сковано од две штици.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Насетував како А.А. се двоумеше: од една страна сакаше да го продолжиме дијалогот, а од друга страна беше притиснат, заплашен од Х.Х. да не оди предалеку во своите претпоставки па да ги испомеша работите, да ја збуни Централата и да ја принуди на радикален потег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од едната страна беше нацртана детелина со четири лисја, од другата коњска поткова.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од една страна беше Филип.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во четири и петнаест се товареше во реисот со црвена боја на чија каросерија од левата и десната страна беше испишано со жолти букви МАКЕДОНКА.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако добро се сеќавам, порано на последната страна беше Мики Маус.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На моја страна беше науката, ризницата на човечкие опити дека е ова само кус, малку понеобичен сон.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, гласот од спротивната страна беше непознат. Нов за нејзините уши.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од една страна беше прегратката на Томо, од друга страна беше презирот на Ружа и Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од сите страни бевме прописно, сигурно заградени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како на многумина деца на француските сојузници во Големата војна на Балканот. Но Албанците на која страна беа?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Успеа за миг да се воздржи (во тоа му помогна повикот по телефон; гласот од другата страна беше на Деница на која ѝ рече да се јави подоцна), а потоа тивко ја праша: „Која е таа жена која ви се врти во главата, а која, според она што можам да го разберам од вашево инсистирање, е инволвирана во случајот?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во Министерството вршеше некаква подредена функција за која не беше потребна интелигенција, но од друга страна беше водечка фигура во Комисијата за спортови и во сите други комисии задолжени за организирање заеднички походи, спонтани демонстрации, кампањи за штедење, и воопшто за доброволни акции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од левата страна беа оние додатни простории за раздавање со искршени прозорци. Внатре пусто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татко, откако ја допи првата шолја чај, стана од сво­јата фотелја, се упати кон прозорецот, го подотвори и го упати погледот кон реката па потем кон дрвениот мост кој го поврзуваше стариот со новиот дел на градот, на десната страна беше модерниот, а на левата постариот дел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Долж целата десна страна беа распоредени три простории: едната беше убаво наместена канцеларија на сопственикот на механичарската работилница „Лихнида“ на Едо Бранов од Охрид, а во другите две соби, во продолжение на канцеларискиот простор, живееја двајцата од вкучно четворицата вработени работници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На левата страна беа уште три куќи, но сите три гледаа со задните фасади кон оваа улица, сигурно со влезови некаде од другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дека местото каменливо, нивјето како кутии беа преградени со високи ѕидови, а исто така и патот од двете страни беше ограден. Нигде немаше ни жива душа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На другата страна беа изобесени селски гумени опинци, ремења за опашување, неколку каскети, крпени стари војнички чевли, шишиња за ламба, конци и друго.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На едната нејзина страна беше изгравирано веќе спомнатото Ич, а на другата страна Раде со клинец го издлаби своето име.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Падинките на Бунец само од северната страна беа покриени со снег.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На едната страна беа Велика Британија и САД, а на другата СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Средниот стол од десната страна беше поткренат на едно скалило и тој беше владически престол.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ова, се разбира, од моја страна беше иконокластичен гест и жестоко- Сквернавење. Сквернавење, безочно, сѐ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Седев со него на белата невестинска маса, а сите по страна беа забележливо пијани.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)