стравување (имн.) - дека (сврз.)

Навистина имаше право, кај неа љубомората беше маска, или купувања на некои права кои когаш- тогаш ќе ги искористеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислиш дека беше во прашање љубомора а не стравување дека си посетил грд расадник на зарази, ми приговори тогаш можеби со право Катерина, и потоа само додаде: Мило, зар не се обиде самиот да ми докажеш дека сепак не успеала да те искористи таа ороспија?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога ги кажав моите стравувања дека тоа, можеби, не е сосем пристојно друштво, Марина ме убеди дека во секој случај, тоа се „златни срца”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Веројатно никој не го сфаќаше ни моето стравување дека нема да ги дочекам топлите симиди и дека Катерина ќе замине на работа без нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не поставувањето услови некој би можел да го сфати како свесно определување да не им се припишува посебно значење на ситните сеќидневни недоразбирања и разбирливо стравување дека токму ситните несогласувања би можеле негативно да влијаат на одржувањето на нашата врска.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ѝ ги доверувал на Мајка стравувањата дека, со натамошното откривање и со ширењето на вистината за сиџилите, ќе продолжи уште повеќе и неговото страдање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)