страв (имн.) - се (зам.)

Нема чаре, од страот се бега, од страмот не се бега. Па кога дал господ, оти да се стегам пред луѓето?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но, откако порасна направи дела од кои душмански племиња в страва се стресоа...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Еден лав пред глушец бесен в страв се тресе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во паничен страв се стаорците и го забораваат својот противник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Белата морница на страот се обидуваше да го скамени, но тој се отскубна од неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со разденувањето стравот се распливнувал. Луѓето ги криеле очите еден од друг и биле повеќе неми отколку решени да го признаат ноќниот пораз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господи, се прашувале, со каква молитва се издига ѕид помеѓу злото и сиромаштијата?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во почетокот, племето што живеело на островот, со недоверба и со страв се однесувало спрема овие непознати луѓе.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стравот се всели во сите наши детства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Влегувајќи в куќи, стравот се појавуваше и исчезнуваше од нејзиното лице.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
24 Маглата се поткрева над котлините визијата станува стварност стравот се обвистинува: се наѕира клисура, амбис сур живописна урна серт рис се задава од сртовите како сираче, но отмен и дрско убав, би рекла смртно личен само ревот негов ни бие право в лице насекаде околу-наоколу мене и тебе, синко мој бие бијно, очебијно а сепак кревко небаре може да се сотре да се изгуби место нас со еден замав на главата со едно затнување на устата со еден потег на четката со мал премаз боја со нов слој малтер со обично будење од длабок сон ама будење нема, веќе нема назад и тебе те нема Младост моја само необичен сон, збор и допир само задоцнета потрага по изгубеното може да те оживее како свет - но литературен како сенка на сенката „што било, пак ќе биде“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Втора слика: Изземена и сама со ишмукан страв се одлучувам без предрасуди да му се обратам нему цел живот што го имам одозгора тоа сум јас, му велам мојот прв израз му давам интимен знак со порозни простори во говорот небото ми одговара и ги пушта на повидок своите начичкани светлости, своите рани зашто, обата без сон полноќе најдобро си ја поимаме судбината да не се допираме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Стравот се всели во нашите кревки души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)