страв (имн.) - ги (зам.)

Колку и да биле опиени од моќта на победата, веројатно тој страв ги задржувал и реално да го заземат божјото место, и покрај нивното спротивно тврдење, во бројнитепароли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вие сте духот на logos-от.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И луѓето од поблиските куќи до каменоломот од страв ги напуштија куќите и стоеја во дворовите и бавчите гледајќи кон каменоломот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Стравот ги замрзнува срцата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Паничен страв ги опфати сите христијани и за еден миг целата чаршија опусте...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега бледнееја Бојан и Денко. Сега стравот ги обземаше нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Раздвојувањето на стварноста на два дела е значаен настан кој далеку ја надминува симулацијата. 108 Margina #17-18 [1995] | okno.mk —Што е со почетоците на филмот кога луѓето во страв ги напуштаа кината?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија секој ден со страв ги пребројуваше парите. Тие беа сѐ помалку и помалку.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Роса, како и секогаш, не ја симна насмевката од лицето, изгледаше среќна што се вратиле во Скопје и во Македонијата, иако, длабоко во срцето, стравот ги затегнуваше сиџимите и тоа правеше туп туп туп!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)