стотица (имн.) - прашање (имн.)

И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Раѓањето на Снежанка беше еден силен повод за затрчување во тој свет на непознатото и таинственото, па Бојан, и покрај желбата да биде попрактичен, долги минути остана покрај овцата и јагнето, поставувајќи си во мислите стотици прашања на кои не им го знаеше одговорот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И знам дека кора ќе се вратиме дома, јагликите ќе зафатат место во најубавата вазна, а јас ќе морам заедно со Билјана да размислувам за приказната на старецот и да одговорам на стотици прашања што Билјана секако ќе ми ги постави.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во прашалната ноќ Рада си постави стотици прашања и си даде дупло повеќе одговори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)