стомна (имн.) - вода (имн.)

Жените, со полни стомни вода, се враќаа дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дедо Димо, откако ги испрати сите, истури стомна вода врз жарот, зашто ѓаволот ни ора ни копа, туку може некое зло да смисли, да донесе од негде ветер, да го разнесе жарот и низ папратот и ете ти беља.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А јас секогаш им барам само еден бункер, митралез, стомне водичка и троа леб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И пак велам: што е, бре, за еден сакат еден бункер, стомна вода, пешник леб, два-три сандаци муниција и, еден митралез?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Па нели ти велев дека мене не ми треба ништо, освен бункер, митралез, два-три сандака муниција, троа леб и едно стомне вода?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога ќе замижев сонував како одам на чешма да пијам вода а таа секнала, потоа како поминуваат жени со стомни вода и ми се пие до немајкаде, а ти не ми даваат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Земи ја... Ако не ти треба тебе, ќе му ја дадеш на некој друг.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)