стол (имн.) - крај (предл.)

Бреза веднаш се искачи на високите столови крај шанкот, а јас застанав од другата негова страна, каде што обично гостите ги послужува шанкерката.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како што ги отвори очите, така пред себе, седната на еден стол крај масите отспротива, ја здогледа Елефтерија и, вертикално со нејзиното исправено торзо, дебелиот сиџим чад што малку десно од нејзиното теме се ширеше хоризонтално поставено облаче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Извини, - ми вели. - Ништо, ништо, - ѝ велам јас и седнувам на столот крај кујнската маса така што двајцата веќе ни лук јале ни лук мирисале.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Покажа на еден стол крај него и рече: „Седи. Седни овде, Филозофе!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)