стан (имн.) - го (зам.)

Иако станот го држевме под кирија со мојата слатка дадичка веќе се чувствувавме како дома.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не, јас нема да бидам како мојот збудален московски познаник Жења којшто својот стан го претрупал со аквариуми - и на крајот (ах, тој советски фушерај!) со својата водена менажерија пропаднал еден спрат подолу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И го спаси. Го испрати со Ивана од Гудјаково за Прилеп и во својот стан го криеше два месеца, дури да „се разбере" со другарите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станот го изнајдоа најпосле на самиот крај на градот, накај Јуч-бунар, во куќарчето на нивниот земјак, дедо Иван Костов, скриено зад дрвјата во доволно широк двор ограден со тараба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие станот го имаа купено на долгорочен кредит пред четириесет години, за време на златната ера на комунизмот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Трескаво пресметуваше и остана поразен: од неговиот стан го делеа десетина улици.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)