став (имн.) - кон (предл.)

Во следната Хала, Херман и неговите другари завршиле со пакувањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сфаќам дека ниеднаш директно не го прашав каков е неговиот личен став кон Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не сакам однапред да ве наведам на погрешни ставови кон кутриот Марк, кој никогаш не научи да проценува кој му е вистински пријател.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Мислам на свесен, критичен став кон кризите околу нас.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира, не мислам на дневно политички агитации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со ова е поврзана и поентата дека интенционалистичкото објаснување, наспроти Витгенштајновото тврдење, не повлекува дека правилата го поседуваат оној вид или степен на автономија која би ја сугерирало нивното разбирање на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сметам дека е тоа погрешен дискурс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Напротив, интенционалистичкото гледиште зависи од идејата за нивното конвенционално потекло и поддршка, на начинот кој штотуку го опишавме, а ова е исто толку анти-реалистички став кон нив како што е и ставот на самиот Витгенштајн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со виртуелните машини зачекоруваме во виртуелни светови, ги тестираме и населуваме и со тоа заземаме алтернативен став кон првата (природена), втората (индустриски продуцирана) и третата (информатички генерирана) природа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира, еден вид коментар, е твојата идеја или твојот став кон извесна тема или проблем, но се работи за различен дискурс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Личните интереси и политичките комбинаторики на големите сили требало да се прилагодат кон придонесот на воените успеси на НОВ и ПОЈ против силите на Оската и да го ревидираат својот став кон НОД.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дали законот има некаков став кон копрофагијата и копрофилијата - не, тоа значи дека јадење на фекалии е порегуларно од дрогирање...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сѐ зависи од третманот на родителите и нивниот став кон детската креативност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност, Џармановиот општ став кон сликарството може да се прочита од следниот цитат: “Не верувам во тоа дека сликата некому му носи откритие; тоа се случува во самиот процес.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Процесот е борба; за мене самиот производ е здодевен, непотребен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие се со мал формат (просечно 30x40 цм.), работени на платно, основата секогаш е слој од црна боја или слој од црна преку златна основа, со различни густини и текстури.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, додека димензијата радикализам-конзервативизам може директно да се интерпретира во термините на вредносните системи, димензијата демократичност-тоталитаризам го подразбира и ставот кон државното уредување, односно определувањето за одредена општествена форма на уредување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја разбра алузијата: - Сите тие албански преродбеници, писатели, кои попаднале под декадентните западни шеми на образованието, во нашата земја каде што владее доктрината на социјалистичкиот реализам мораат да бидат подведени на строга ревизија, посебно во однос на нивните ставови кон религијата!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој немаше негативен став кон атеистите, доколку си ја вршеа чесно својата работа! – се обидов со негово оружје да го предизвикам А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова се постигнува со вклучување на индивидуите во екстернализирачки разговори за овие практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со демаскирањето на практиките на моќ, индивидуите се во можност да заземат став кон нив и да се спротивстават на нивното влијание врз нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Општествените ставови кон хомосексуалноста се менувале брзо во изминативе педесет години, а се смениле и општествените услови во кои денес растат геј-децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Небаре Копола имитира дрег-кралица што ја имитира Феј Данавеј која ја имитира Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, третманот на мелодрамата како камп подразбира да се пресврти, иако е тешко да се избрише, надмоќниот, надмен став кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сето тоа ме наведе да се запрашам: Ако од стрејт-мажите се разликуваме само по сексуалната ориентација, а не на некој друг суштински начин, зошто ja откривам оваа претежност на геј-мажи што биле видливо настрани уште од детството, обично со години пред да им започне сексуалниот живот? (ix–x) Ваквото размислување го наведува Фелоуса на заклучокот дека „гејството подразбира многу повеќе од само сексуални партнери и практики“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, да се откажеш од секакво право на општествено достоинство значи и претпазливо да ги осуетиш сите туѓи обиди за твое омаловажување и значи да заземеш ироничен став кон сопственото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само поради таа причина, односот кон женственоста што го поставува Марки во музичкиот спот прави односот на машката геј-култура кон женственоста да изгледа релативно едноставен и јасен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека е погубен за љубовта, камп-сензибилитетот е резултат и израз на самоспознанието на љубовта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој благонаклонето цитира една забелешка што Џон Клам ја изнесува на почетокот од својата книга за музичкиот театар и машката геј-култура – „Според мене, суштествувањето како геј има исто толку врска со посветеноста кон некои видови култура, колку што има врска со моите сексуални настроенија“ – навидум прифаќајќи го благо отфрлачкиот и леко омаловажувачки став кон сексот што провејува во Кламовата употреба на старинскиот збор ‘настроение’ кога зборува за хомосексуалниот избор на предметот.334 За Фелоуса, „геј“ не е синоним со „хомосексуалец“ и никако не треба да се сведува на тоа (13).335 ‌Онака заинтересиран за „некои од особените димензии на машките геј-животи кои ја надминуваат сексуалноста сама по себе“ (x), за „несексуалните димензии на природата на геј-мажите“ (243), Фелоус доследно ја ублажува важноста на сексуалноста, сметајќи ја за едно од „најнесуштествените нешта“ според кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите – односно, ја смета само за знак на подлабока разлика, која мора да има врска со особеноста на „геј-сензибилитетот“, сфатен како „суштественa страна на човечката природа“ (262).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Генерациски судир меѓу жени, пак, дури и да е најсериозен и најжесток, не може да дорасне над рамништето на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да ја одбиваш културната дихотомија што туѓото страдање го смета или за трагично или за (само) патетично, според степенот на општествена престижност на засегнатите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако се осврнеме на резултатите од нашено претходно испитување на прагматиката на кампот, ќе сфатиме дека целосното доживување на мелодрамата како камп не укажува само на обезвреднување на мелодрамата туку и на препознавање на сопствената сентиментална вклученост во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Визијата за љубовта на геј-културата не е цинична.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Навистина, тие ви се граѓа за возвишени трагедии.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на групата се претставуваат како занесно страсни приврзаници на Џоан Крафорд, но ставот кон Крафорд што се имплицира со претераниот приказ од Копола кажува вртоглаво комплексна приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако отпрвин „геј“ го дефинира како нешто што ги опфаќа и „родовиот идентитет и сексуалната ориентација“, а и како нешто што се однесува на „маж кој е (истовремено) родово нетипичен (психолошки и можеби телесно андрогин или женствен) и начисто хомосексуален по својата ориентација, ако не и практика“ (13), па иако неговата конечна пресуда ги дефинира геј- мажите како некои што се „невообичаено устроени и според родовиот идентитет и според сексуалноста“ (263), тој заклучува дека неговото „разгледување на природите на геј- мажите всушност се однесува на родовата ориентација, а не на сексуалната ориентација сама по себе“ (262, курзивот е мој).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истовремено, некои општествени практики што одат со виното ѝ се особени на француската култура и, иако во тие практики не учествуваат ниту повеќето Французи, да се биде Французин значи да се биде восприемчив за културните значења на пиењето вино, да се има каков-таков став кон практиката на консумирање и уважување на виното, макар било тоа и практика на целосна рамнодушност или отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Напротив, исто како што едно кампско гледиште на семејните судири овозможува став кон силната емоција што се отуѓува без да биде ниту скептичен ниту редуктивен, така и ефектот на свесно живеење на сопствениот љубовен живот како мелодрама значи негување светоглед кон љубовта кој е расчаран, но не и разочаран.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машката геј-култура по правило зазема некоја абјектна положба само за да ја редефинира, да ги обрати вредностите што се поврзуваат со неа, да заземе иронично растојание од нив, да ги оспори, да ги сврти против нив самите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот, како што видовме, не е критикување, туку критика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Спотот на СЈ се стреми да постигне некој фраерски кредибилитет така што ќе си ја импресионира публиката служејќи се шизички со некои нејасни, откачени, старински референции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова, се разбира, не ги искажува моите лични ставови кон прашањево.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, кога најпосле сфатив дека тоа што го гледам е можеби одлика на геј-детството, ме заинтересира овој тренд на родова нетипичност...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На пример, машката геј-култура и себеси си ја лепи етикетата „мелодраматична“, а не само на оние на кои им се потсмева, со што подметнува стап во спиците од тркалото на општественото обезвреднување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој не ја сфаќа мелодрамата буквално и неиронично, но не ја ни критикува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вклучувањето на жените во платената работна сила и женското право на абортус (освен во Романија, и само со сериозни рестрикции во Бугарија), утврдени во уставите и законите, ја симболизираа, исто како што тоа го правеше и државниот став кон религијата и приватната сопственост, вистинската природа на комунизмот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Многу малку се знаело за нивното идејно определување, за нивниот став кон животот, кон слободата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа особено се однесува на Англија и на Франција, чиј став кон македонското движење во извесна мера се разликувал од чисто непријателскиот став на Германија, па и на Русија и на Австор-Унгарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, што се однесува до ставот кон Револуционерната организација и до борбите што во тоа време се разгорувале меѓу Организацијата и врховистите, заклучиле дека, како досега, така и за натаму, нема да имаат ништо општо со врховистите, коишто во “борбата за ослободувањето на Македонија се инспирираат од бугарската влада, коишто гледаат свои цели и не испуштаат ниту еден случај да го исползуваат за државни и партиски цели секое револуционерно движење во Македонија“68.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, партиско-државните интереси и ставот кон македонската криза што произлегувла од тие интереси не им дозволувале да гледаат поинаку на Солунските атентати, освен како на анархистичка акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
164 Сличен став кон атентатите имал и печатот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во своите спомени тој, Татарчев, Сандански и Гарванов, и речиси сите други, а не се малку тие што оставиле спомени, својот став кон атентатите го изразуваат со речиси наполното игнорирање на настанот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со самото тоа што никој од роднините на мама не беше стапнал во куќата откако Вера е дојдена, и беше јасно каков е нивниот став кон неа и кон женидбата на татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дали Борхес знаеше дека неговото наследство ќе бидат точноста и строгоста во јазикот, односно, повеќе кодот отколку пораката, стил а не суштина, естетските артефакти отсечени од светот на искуството?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но во почетокот, Борхесовиот став кон напишаната страница беше став на еден Маларме, став на крајна строгост и прецизност.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во едно интервју од 1968-та тој отворено рече: “Параболата за палата е парабола за уметноста која постои во својата сопствена рамнина и не & е дадено да се бави со стварноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не само што знаеше, тој таквиот поглед непомирливо го бранеше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ти не си ветуваш бесмртност преку вечноста на душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас отсекогаш имав цврсто изграден негативен став кон идејата дека душата е бесмртна.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Вистина, не секогаш доследно и отворено, во зависност од околностите и целите што беа диктирани од историскиот момент, но секогаш со истиот интерес и основен став кон средновековната историја на Македонија од 19 век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога сте во интеракција со овој интерфејс, немате ниту критичен ниту некритичен став кон неговиот стил.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може да им се помогне, со артикулирање на еден гест на волја дека ние, заедно, а сепак индивидуално, ќе создадеме позитивен став кон економската активност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А каков е нашиот став кон СФРЈ, во овој случај ич не е битно.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Напротив, ова - целово списание, по ѓаволите! - треба да се сфати како очебијно јасен (политички, културен) став кон нештата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како некогашен дипломец по правни науки и исламска филозофија на Цариградскиот универзитет, Татко и во доменот на заедничките турцизми на Балканот наоѓаше аргументи за својата теза дека христијанската и муслиманската вера покрај противречностите коишто ги содржат една спрема друга, како источни религии почивајќи врз источниот мистицизам заземале дистанциран став кон западниот начин на мислење и претставата за светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И што е најзначајно, во еден омаж што ќе му го искажат неговите благодарни потомци, ќе биде истакнато дека нему ќе му биде туѓ секаков пуризам, таа болест на слабите, загрозените и, што е најзначајно, неговиот став кон турските зборови ќе биде ослободен од омраза и комплекс на помала вредност продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со задолжителна фотографија на својот претставителен анфас, тие секоја недела ги афирмираат сопствениот стил и став кон разбранетото секојдневие на страниците на бројните ни печатени гласила.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Неговиот став кон уметноста е отворено субверзивен и - од точка на традицијата - ауметнички.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според тоа, мојот став кон Југославија може да ја отежне само мојата положба, но не и положбата на Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го раскажав тоа во трето лице, зашто по карактер сум активен набљудувач и секогаш со сопствен став кон проблемот за којшто пишувам.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)