став (имн.) - бев (гл.)

За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивниот став беше дека, на тој начин, ќе се зголеми мобилноста на работната сила, бидејќи му се овозможува на работникот да го промени работното место за некое подобро место без да има пречки од типот на задржување на работничката книшка од работодавецот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но за К.П.Мисирков во македонските услови таквиот став беше еднаков на пораз.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така, во времето кога се вршел притисок на Пуриќ и кога се одвивала кампањата против Михаиловиќ, К. Фотиќ покренал акција во Соединетите Американски Држави за да ги неутрализира притисокот и последиците од пишувањето на американскиот печат за НОВЈ и за Јосип Броз Тито.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таквиот став беше резултат на тежнението на САД преку југословенската буржоазија и монархија да го обезбеди своето идно влијание на Балканот, кое беше очигледно,почна да им избегнува од интересните сфери на западните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Целата левица во Грција ја имаше оваа сила. Ама... Став беше - само самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)