срце (имн.) - ќе (чест.)

Кога го виде Невена како се зададе од ридот срцето ќе ѝ излезеше од гради... радост голема!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Така таа при селидбите со тешко срце ќе оставеше некој предмет од домаќинството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прво па машко си вели поп Данаил Москополчанин и цврсто ја стиска под мишки книгата во која што и љубовта и татковината четиријазично се пробиваат низ светската заматеност и одважно влегуваат во историјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја прелистува и пак ја стиска под мишки златната книга - срцето ќе му се прошири од толку многу радост.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Кумита? — подрипна заптијата и се фати за пиштол.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, срце ќе и јаде тригодишно, лели му застанаме овде, токо оти, човече толку задоцниа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе видете вие како се јадат Петкови брави и јаловици, срце ќе ве изеде!“ — си пробрбори Петко за себе и забрза да излезе на Битолско џаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Откако заврши баењето, Матновидецот му препорача на Здравко да дојде уште на два исцелителни третмана и срцето ќе му биде здраво ко коњ за трки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Има една грмушка и една пенушка има, срцето ќе те одведе мракот ќе те приспие, и има мугра сина безшумно што доаѓа усните да ти ги навлажи со надеж и со роса.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но, иако срцето ќе му препукнело, морал да го прикрие тоа, па дури и да изгледа весел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тек-тук, кога неговото срце ќе го стишеше креветот, кога многу ќе го стишеше, тогаш во таа смиреност, слушаше друг звук - нежно газење на голи стапала по килимот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој и натаму притискал таа да ме пријави и во училиштето, за одбивањето да ја изведам точката уште еднаш; така, Фискултурецот со мирно срце ќе можел да ми потпише исписница од училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јарето во срце ќе ти скокало, ќе те скокоткало, ќе си рекал и мемекал, оттогаш та довека.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Срцето ќе покаже објаснението на авторот, е самата Книга (Палмите).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но таа не ми ги покажа очите, ме заборави, и јас пак ја повикав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислев дека срцето ќе ми се распрсне од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во Пупипафија живее крпачот на чевли Стрико Шило со својот мачор Чом, реков во себе, но не и само за себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еднаш своја прикаска од срце ќе ти подарам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од срце ќе се радуа со печес чеда шарени.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе ми ти наврцка еден булук, сете како пилци, а ти ајде со твојте, оди, работи, рани и. Mope, срце ќе и јаде, кога јас 'ќе и рана! Рани ќе ранат по мршата!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Со сѐ срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни – одговори пак аџи Јане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
При неговото жално цимолење, на Винко срцето ќе му зачукаше посилно, и ќе му се стегеше грлото од жал, од болка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Хоризонтот на љубовта никогаш не ми бил поблизок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Немоќна пред агонијата на сопственото лудило очајнички се обидувам да се соочам со сопственото “Јас”, да го откријам стравот на сопствената душа, страв од солзите во очиве, од последната надеж дека во моето срце ќе пронајдам светлина и ќе се покаам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Го допрев јас божјиот бескрај, ова заљубено срце ќе ти биде вечно благодарно што му дозволи да ти покаже колку те сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моиве очи се клуч, а очите клучалница на вратата која ќе ја ослободи мојава заробена душа растргната помеѓу две сили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ех, душата ќе ти е полна и срцето ќе ти се радва кога ќе си помислиш како ќе биде кога ќе дој слабодата... Така и ние ќе напрајме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Срцето ќе ми препукнеше. Сто пати се покајав што ја спомнав Миру.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кутрото мое срце! Колку многу се измачуваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сама во себе тајно си страдав додека да почувствувам дека срцето ќе почне да ми се распаѓа од жал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)