срце (имн.) - помисла (имн.)

Таа вечер мината по виенските улици требаше да биде лекција за мене, она што брат ми сакаше да го постигне беше да го видам животинското во човекот кое не си дозволува да го обедини телесното со чувственото, и да се згадам од тоа онака како што се гадеше тој; таа ноќ не ми даваше да заспијам помислата на телесното соединување на Зигмунд со некоја жена, ужасот на таа помисла ме превртуваше во креветот, ми го свиваше срцето помислата дека некоја жена, налик на оние кои ги видовме таа вечер по тесните улички, ќе го внесе во она што е само телесно и испразнето од душевното, и така ќе го одвои од нашите заеднички мечти. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се запрашував: дали првиот поттик да му предложам на брат ми да се запознае со Сара беше ужасот од онаа помисла дека тој ќе го побара телесното задоволство во некоја од оние улички, доколку не му се случи вистинска љубов?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)