срце (имн.) - ѝ (зам.)

Со срце ѝ платив Во себе не се вратив Небаре божјак беден До изворот Жеден.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Или клетиј, гладен Турчин срце ѝ изгори?... * *
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
- „Сега ќе ме фали пред сите“ - си мислеше Милка а срцето ѝ скокаше од радост.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Без да сакаат, тие се најдоа в очи загледани еден во друг по што, додека така се гледаа, срцата им зачукаа во склад со чукањето на срцето на светецот и при што тој виде каква жена е таа, а таа виде каков маж е овој намерник, пред нејзините очи токму сега кога срцето ѝ чукаше во склад со срцето на светецот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И така вели свекрвата додека двете раце во скутот ѝ мируваат како заспани пилиња, а гласот додека зборува кадифесто и звучи толку меко зашто секој збор од срце ѝ извира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се Кара, но и се надева, чувствува дека срцето ѝ се полни и ѝ е убаво.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- „Сега ќе ме фали пред сите“ - си мислеше Милка а срцето ѝ скокаше од радост.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Рози се движеше во кујната глупаво нерасположена, а срцето ѝ беше тапо и празно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога се спушти по скалите на визбата, не сакајќи застенка, нејзиното мајчинско срце ѝ кажуваше дека се случило нешто лошо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Срцето ѝ се стегнало кога за трагичната вест, за смртта на таа своја другарка прочитала и во весник.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога наближи до училиштето, срцето ѝ се стегна, зашто од училишниот двор не се слушаше онаа толку позната врева, што ја создаваат детските гласови.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Таа тивко, а на мајка ѝ срцето ѝ крвавеше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И за тоа на баба Анча срцето ѝ е полно со радост.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Едните во срцето ѝ создаваа топлина, другите беа мразни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стравот од којшто ќе ѝ застанеше срцето ѝ се претвори во срцебиење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во срцето ѝ биеја камбани.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со рацете улаво се чипчеше за железото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И навистина, срцето ѝ се полнеше со радост кога ќе го видеше како ги спрегнува воловите и оди на нива да ора, како го самари коњот и оди в планина по дрва, како ја коси тревата во ливадата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога тргнаа на пат кон родниот град на Хелвиг, срцето ѝ се стегаше при помислата дека, ете, за првпат ќе се сретне со неговите...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, срцето ѝ се згрчи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Доста, навистина, не мислеше веќе на убавина и на младост, ама кога го виде, срцето ѝ заигра и си вели во собе: „Е сполај му на господ лели су имала к'смет пак да ме обрадуа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога на портата се зададоа нунката, Митра и Гуца, — на Доста срцето ѝ затропа силно: — „Како ли ќе си го викам анѓелчето мое?“ — се праша сама и се прави небарем не ја возбудува тоа прашање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Срцето ѝ затреперува на Чана, а очите ѝ се наполнуваат со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година намина болест ја в гради искина.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Срцето ѝ се стегна, онеме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стариот Тајко бил во планината и нејзе срцето ѝ се стегнало: побарала од Емин-бег дозвола да дојде и дошла во Блатието.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)