срце (имн.) - им (зам.)

Срцата им прваа на двајцата кога се фатија за раце и се подржаа една две минути.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слушаа Македонци, Црногорци, Херцеговци - сите слушаа и срцата им плачеа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се исплашија... пребледеа... Стравот во исти миг срцата им ги смрзна на дрвјата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Понекогаш ќе забележеа кајчиња со војници што крстареа по езерото, ќе забележеа по некоја единица што вршеше смена или се разместуваше по падината на планината, и срцето им го забрзуваше чукањето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најмногу стравот ги опфаќаше во дождливо време кога преку ноќта ќе започнеа да татнат грмотевиците, кога прозорците ќе се тресеа и светлини ќе блескаа причинувајќи им се дека фронтот е отпочнат; иако гледаа дека се тоа грмотевици, срцето им се собираше како на пиле; едвај чекаа да се зазори, да се развидели за да можат да гледаат и да следат што се случува по положаите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Молчат со откочени пушки, но срцето им се слуша дури надвор. Живот мила.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првиот налет на кучињата им беше страшен, срцето им се креваше в грло, коските им се тресеа, но постепено се отпуштаа и се навикнуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тажната поворка минуваше низ селото и срцето им го корнеше на луѓето: напред одеа другарите од Висар и ги носеа бајрачињата, по нив попот, а по него ковчегот од Висар; на секоја раскрсница ковчегот го спуштаа луѓето и попот му пееше молитва на Висара простувајќи го за последен пат од овие места по кои газел.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Очи в очи се погледнале. Срцата им затупкале. Од првно виѓавање се заљубиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Врз челата им лежел облак на оттуѓеност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кое е девојчиштево, што сака? станувале недоверливи. Срцата им биле опфатени од неспокојство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас не знам како се вели на албански или на македонски bonne chance, но од дното на срцето им посакувам bonne chance на вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Без да сакаат, тие се најдоа в очи загледани еден во друг по што, додека така се гледаа, срцата им зачукаа во склад со чукањето на срцето на светецот и при што тој виде каква жена е таа, а таа виде каков маж е овој намерник, пред нејзините очи токму сега кога срцето ѝ чукаше во склад со срцето на светецот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господе прости им... Не сакаа љубов... Срцата им беа преполни со болки и омраза Чувството одамна го изгубиле...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во срцата им се вгнезди жал.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
По извесно време на сите здивот им се згрутчи, им запре, срцата им премреа, кога одненадеж одекнаа неколку експлозии едноподруго и се занишаа прозорците на куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа клекна крај него и му ги допре градите на неговите гради: тракарањата на срцата им се споија - едно во друго удираше. Ѝ го почувствува здивот, опојниот мирис на нејзиното тело, на нејзината коса и уште повеќе ја привлече кон себе; ѝ ги набара усните, ги споија и замижаа, сакајќи овој среќен миг да го задржат вечно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)