сребро (имн.) - во (предл.)

Били беше одговорен и за среброто во Фектори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Фектори, оперските плочи се мешаа со сингловите покрај кои сликав, а често го пуштав и радиото додека одеше опера, па песните како “Сладок Шејк” или “Син сомот” или “Луи Луи” често се мешаа со оперските арии.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не знам зошто толку го сакаше среброто.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали секогаш пред засолзените очи месечината изгледа како растопено сребро во ноќта?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Додека цел ден трчаш по пари жена ти на друг кафиња вари твоите денови станаа лоши твоите евра друг ќе ги троши Евро по евро, злато и сребро во трката по нив попушти нервно изгуби здравје за банкноти пусти бизнисот пропадна, тркало се сврти Јас со вера, а ти без евра падна доле, а јас се кренав судбина тера на разна роља животот тркало, а парата дроља
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Гласот, оној негов или на некој што е невидлив, прашува со нагласени согласки што ќе види и тој се сеќава на сѐ што гледал во куќата како дете: сабја кулајлија со вткаени букви од сребро во канијата - Смрт или слобода, стари црковни книги од времето на минатовековната игуменија Минадора, француска или германска кацига од времето на Балканските војни, турски тепсии со богати шари, ископани и начнати римски или такви некакви фигури на светци и војници, шандани, кандила, ками.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)