срам (имн.) - ѝ (зам.)

Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Милка се наведна над клупата и заплака. Срам ѝ беше да ги крене очите и да ја погледне учителката и своите другарчиња.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тронда му ги стиска нозете, си ги пика очите во калта на нив, срам ѝ е да им погледне на луѓето околу неа во очите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)