споредба (имн.) - меѓу (предл.)

Неговите зборови, изговорени во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, доколку беа кажани пред други можеше да се сметаат за дипломатски инцидент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ерик Руло продолжи да го анализира и аргументира своето тврдење со споредбата меѓу либанската и југословенската ситуација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ЈАКОВ: Нема споредба меѓу нас. Ние сме круша и јаболко, баба и жаба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Иако во градот често трчаше со другарите по топката, возеше велосипед по улиците на населбата, вежбаше на справи во фискултурната сала на училиштето, не можеше да стане ни збор за некаква споредба меѓу издржливоста негова и на Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)