состојба (имн.) - кој (имн.)

Од минливоста на оваа состојба која заради тоа е неизбежна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Радоста се заменува со некоја чудна состојба која во дневникот е запишана како презирање и омраза меѓу нас а сега би рекол можеби повеќе завист.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога „средиштето” повеќе не се држи, ниту доживувањето на сопственото јас, ниту доживувањето на сопственото тело не можат да го задржат својот идентитет, Muller интегритет и виталност, и индивидуата се стрмоглавува во состојба која на крајот резултира во состојба што, според наше мислење, може да се опише како состојба на „хаотичен не- ентитет”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одржувањето на нераспаднатото тело како метафора за „оддржување на уметноста“ го спречува враќањето во неорганската, природна состојба која се наоѓа вон среќата или задоволството. (Среќата на народот, така, лежи во избегнувањето да исчезне телото на неговиот татко.) Интересно е што постои и една фотографија на Хирст каде што тој во мртовечница е фотографиран лице до лице со еден мртовец.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Токму кога духот почна да му трепери во онаа блага отсутност, (состојбата која тука, осамен меѓу книгите, често ја доловуваше) некој срамежливо загреба на вратата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Телото на Ленин, за да остане нераспаднато, периодично мора да се изнесува од саркофагот и одново да се „освежува“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понекогаш просветлувачката промена на состојбата на свеста може да се јави на начин каков што опишува Абрахам Маслов (Abraham Maslow) кога зборува за „врвното доживување“ (“peak experiance”), состојба која не е толку ретка и којашто секој од нас може да ја доживее барем еднаш во животот, што остава неизбришлива трага и нѐ насочува во понатамошниот тек на животот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)