состојба (имн.) - станува (гл.)

Личноста во оваа состојба станува весела и еуфорична.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таквата нејзина состојба станува толку збунувачка, па средината што ја опколува најчесто не знае што да очекува од неа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мирот, сеприсутен во зборовите на сите, стана сеотсутен од реалноста во која живееше кога започнаа да гинат луѓе, а нивните имиња, чинови, возраст, семејна состојба стануваа познати за сите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)