сосед (имн.) - кој (зам.)

Мајка велеше дека ток­му сега им е најпотребна на најсиромашните соседи кои живееја околу нејзината самотија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но пред да стигнеш до него, ќе те сретне првиот сосед кој ќе ти рече: „Твојата книга ја научив наизуст, зашто секоја ноќ ми ја шепотат дрвјата крај кои одам и гредите на кои сакам да се обесам за да воскреснам како што велиш, со јажето-ореол околу главата“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога Кулик престана да биде украсен уметнички објект - источен сосед кој ја претставува бедата на рускиот кучешки живот - и почна да се однесува на начин кој ги изненади неговите набљудувачи, брзо беше етикетиран како не­при­јател.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мајка, кога го виде расположен и ведар, му го донесе диеталниот ручек, добро парче месо, пилешко, од вчерашниот тикуш, а за пријателот, парче пита, со маштеница од козјото млеко што го купувавме од соседите кои, скришум, чуваа кози.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но подоцна почнал да се плаши од соседот кој му се заканил дека ќе го претепа затоа што го видел каде што му краде овошје во бавчата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)