сопче (имн.) - отспротива (прил.)

Одново запаленото светло над тажната трпеза тогаш повторно го осветли празното сопче отспротива, но некако сенишно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Би сакал само навечер да наминува, крадешкум, на по еден час, или на еден миг!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)