сопруга (имн.) - го (зам.)

Се надевам дека и вашата ценета сопруга го мисли истото?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нашите сопруги го достигнаа совршениот вкус на ова јадење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нема познато јадење во светот што опстанало кај многу народи што го следи митот што го создал човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На крајот Камилски сакаше да ја вкуси баклавата, но неговата сопруга го спречи, а тој се задоволи да ѝ се насладува само со очи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој беше предизвикан да трага по генезата на името и тајните на баклавата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)