сонце (имн.) - веќе (прил.)

Сонцето веќе искачило над Трибор. Никакво петно на небото не забележува за да ги покрие неговите лаци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
1. Сонцето веќе беше искочено високо над Перун и почна да припечува над главите на аргатките во оградите и нивите на Демовци, Селимовци, Мерсиновци, Адемовци, Гола Сабја, Маџаровци и другите турски чифлизи во Крушевица кога, во еден од убавите пролетни дни на илјада осумстотини осумдесет и... година, се вратија од полето Јован Пантовски и Адем Маџаровски и се качија на маџаровската кула.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од север, исток и запад се слушна бука од илјадници човешки викотници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога пристигна во селото, сонцето веќе се капеше во езерските длабочини. Не палете свеќа. Можеби овој расказ не ќе беше интересен, ако тоа што стана не се однесуваше за мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Огромното сонце веќе го опфаќаше целото небо позлатувајќи ги сините зраци кои се пробиваа преку чардакот до Татковите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Иако немаше ни четири попладне сонцето веќе заминуваше зад хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонцето веќе беше зајдено и низ широко отворената врата во хангарот влегуваше тежок, влажен воздух.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе се вратите, о, одново ќе се вратите вие зашто сонцето веќе се симнува меѓу мртвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога Јован стигна со копачот на рамо, оној истиот Јован кого го сретнав пред два месеца на гробиштата и кој тогаш ми се понуди за работа, сонцето веќе беше високо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред пладне, кога сонцето веќе се извишуваше до највисоката небеска точка Бојан се најде под Орелска Чука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена излезе пред шаторот. Сонцето веќе беше високо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сонцето веќе заоѓаше зад Огражден, стана прохладно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога сè подредија и излегоа од пештерата-бигорна, сонцето веќе беше зајдено.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога се поврати, сонцето веќе беше високо. На гробиштата нема никој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Утрото свежо, калдрмата измиена, црната прав што тука се таложи од оџакот на фабриката за конзерви ја нема ни покрај големите и долги бели камења што ја делат калдрмата од другиот простор, а сонцето веќе убаво отскокнато во сината срча на небото го ослабнал топлиот здив и тие убаво се чувствуваат додека ја совладуваат Ѓуро Ѓоновиќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш приседна, видно уморен, но не преморен, па Евдо помисли дека ќе му се развика што не понел уште една касета, но сонцето веќе безнадежно заоѓаше зад сртовите и од падините слегуваше самракот како привидна маглина, па Геро само рече колку да си ја продолжи улогата на водач на екипата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше готова за пат, дури и очилата за сонце веќе ги отвораше меѓу прстите, само уште да се напие кафе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Смирување на денот. Сонце веќе нема, багремот се капе во последната светлост, пурпурен залез здивот го зема над планините над Мургаш додека чекам.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сонцето веќе се беше искачило високо и тргнало накај запад.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Додека така размислуваше чекорејќи крај реката, речиси пред самата куќа, сонцето веќе беше потонато во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сонцето веќе паѓаше над брестовата шумичка. Сенките се издолжија.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сонцето веќе е одвалено над Горна Црква, и уште зачудено гледа кон сретселото. 133
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Есента беше длабоко навлезена, сонцето веќе заслабнато, западнато. Немаше ни од кај да угрее, ни што да угрее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)