сонце (имн.) - кое (зам.)

V. Зимското сонце кое осветлува, но не затоплува, се движеше полека означувајќи го зреењето на денот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во далечина се гледаше сина силуета на Пелистер а позади него отсјај од темно портокаловото сонце кое веќе беше зајдено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Љубам да го дочекам сонцето кое доцни по светлината зашто му треба време да ги искачи зградите околу мене, смешно надградени како вила „Слога“, во различни бои, тесни а долги.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та одвај ја држеше земјата на своите плеќи Тешко ѝ беше на земјата да ја издржи таа тежина, но уште потешко им беше на луѓето да го издржат жешкото јулско сонце кое уште од изутрина почна силно да пече.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во бавчата владее свечена празнична тишина, украсена и од декемвриското сонце кое изобилно плиска светлина.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)