сонце (имн.) - бие (гл.)

Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сонцето биеше во нив, потта му го скокоткаше лицето. И му дојде мисла...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целото село се собра пред црквата и уште пред изгревот на сонцето биеја тапаните и пиштеа зурлите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)