сон (имн.) - кон (предл.)

Погледни ги луѓено. Спијат на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби тоа потпирање на ништото е само патот од сонот кон јавето, или отворање на прозорец кон утрото“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кобата нѐ турка од сон кон гроб. Кажи - што потаму?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашата баба постојано ги насочувала Татковите соништа кон Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)