солза (имн.) - ги (зам.)

Влатко ја навтаса. Плачеше... солзите ги бришеше со надлактицата, зашто дланките ѝ беа валкани од ровка земја.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На Петра ѝ се навираат очите, чиниш извор ќе џвркне, ама пред да потечат солзите ги покрива со прегачот и ги забришува, да не видат внучињата, како да е од некоја настинка, кивавица, и сосила кивнува неколку пати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка не можеше да се воздржи. Солзите ги придушија нејзините зборовите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше студено твоите врели солзи ги печеа врвовите на моите прсти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)