солза (имн.) - тече (гл.)

Солзи течеа од избезумените очи на татко ми, го браздеа неговото извалкано лице.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Никој не зборуваше, само солзи, многу, многу солзи течеа од сите очи. Томо прозборе прв погледнувајќи во Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избезумено солзите течат како никогаш до сега.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Солзите течат. Не можеш да ги скриеш. Една по една. Проголтани најмногу вредат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Еј, јас те сакам, еве сега ти велам додека солзите течат и никој нема да ми помогне, за спас да ги сокријам солзите што блескаат од среќа, да загрли срце со љубов што го давам да не биде мое. Ама јас те сакам до небо, онака едноставно, како дете кога ќе ги рашири рацете кон бескрајниот небески простор, а само вечноста да остане зад нас.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)