сожалување (имн.) - кон (предл.)

Ја жалев и се жалев самиот себе, и скривав нешто, не за да го скријам она што се уште можеше да се скрие, иако тоа беше речиси премалку, туку го скривав моето сожалување кон неа, оти таа не го заслужуваше тоа, таа беше жртва заради мене и со мене. Таа заслужуваше почит.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Играта во која влегувавме, голи и топли, беше единствениот начин да го скријам чувството на сожалување кон Ема која таа тмурна ноќ во која паѓаше студен дожд (впиени еден во друг слушавме како се исцедува и во рамномерен интервал тропа вода во олукот, а потоа се распрснуваа на плочникот, како кога марта упорно настојува да ја продолжи до некаков бескрај досадната морничава зима), беше нестварна и лесно предадена на мракот, во обид (не рационален, во тоа бев убеден) да и се открадне на стварноста и да заживее нов живот, во некој негов сѐ уште неоткриен дел.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но повремено и сега како да ѝ се јавува некое сожалување кон него што изцело го запостави и отфрли, па понекогаш почнува да му глуми дека таа пак му е приврзана како порано, дека со ова познанство и блискост со Богдана ништо не се изменило меѓу нив и продолжуваше да му упатува благи зборови, да му готви јадење, да му го мести креветот и сменува постелнината, да му ги пегла кошулите и алиштата, да го поведе понекогаш за рака низ просториите или полигонот за да слуша како се дресираат кучињата, да му вари почесто кафе како што му вареше, да му кажува како одат приходите во Пансионот, да му купува нови плочи со текстови за слепи на кој тој со прстите се учеше да чита - но тој кога ќе ја почувствуваше во својата близина, замавнуваше со бастунот да ја удри и бесот го смируваше со алкохол; се тетеравеше низ просториите на Пансионот викајќи по неа со најпогрдни зборови.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледав иронично кон домаќините, со сожалување кон блиските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше нејзин начин на кој го покажуваше својот излив на сожалување кон него, што беше надојдено во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И Глигор чувствуваше едно одредено сожалување кон стариот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа беше некое ниско човече, се гледаше - патено и напатено, и кога ќе го видеше човек, мораше да почувствува извесно сожалување кон него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Набргу, таа се престори во едно неразбирливо сожалување кон она празно, оптегнато тело на мршарот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или од сожалување кон луѓето?  Не, туку да направам нешто во медицината, тоа ми правеше задоволство, тоа мошне долго ме правеше здоволен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас бев Д. Х. Лоренс на не правењето, гласот на сите потенцијални љубовници кои копнееа и се плеткаа, но сѐ уште го немаа сторено тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене ова беше уште една таква ноќ и до моментот кога пристигнав на мојата станица веќе знаев дека ќе ми помине, ќе бидам доволно опоравен за да можам да пешачам до дома по мрачната улица составувајќи поеми за копнеења кои што никогаш не ги запишував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)