сода (имн.) - вода (имн.)

На ште срце, пред да се фатат со работа, ќе бараат вино и сода вода, ќе си ги плакнат устите со тенок шприцер.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Дури правела и шеги за сметка на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Соочен со оваа несреќа Ролан Јаковлевич побрза да ја прифати понудата на Трајчеица да се зафати со полнење сода вода и газози, бидејќи покојниот Трајче Кусакатски имаше разработено дуќан за вакви производи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во секој случај тој стана подобар содаџија од сите содаџии во градот и ја снабдуваше со сода вода не само кафеаната и куплерајот на Иван Степанович туку и повеќе меани во градот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)