соба (имн.) - наеднаш (прил.)

Кога се омажи, нашата соба наеднаш стана многу пространа, а миризбата на липата што растеше до прозорецот на нашата соба не се чувствуваше со истиот интензитет дури и кога беше отворен.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега кога веќе беа положени околу челото и лицето на Таша многу нешта се чинеа поинакви.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги гледав низ прозорецот. Татјана се смееше. И се допадна таа глетка.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А кога влегов во собата наеднаш открив дека до овој момент не го бев забележал најголемиот недостаток што си го бевме дозволиле: покрај главата и големиот сон на упокоената отсуствувале цвеќиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека тоа им го рсправав на моите домаќини, собата наеднаш се исполни со убавата македонска мелодија „Билјана платно белеше“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)