соба (имн.) - веќе (прил.)

Но во собата веќе не беа ни старецот ни кучето Роско.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ни во мојата соба веќе не сум раат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сето тоа беше добро, како што беше добра и твојата прошетка низ сите соби на неговата куќа, кога откри дека тој во секоја соба веќе има по еден персиски ќилим, од оние, што ги ткаеа девојките во текстилната бригада. Тоа ти требаше да го знаеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еве ја Азија, Европа, Африка....
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Левата, рече Емилија, и ние двајцата се мушнавме зад неа, во последен миг, кога вратата од другиот крај на собата веќе се отвораше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
ВОЛШЕПСТВА ВО СОБАТА НА ГОРНОМААЛЕЦОТ СИМОН ВО НОЌТА НА СТЕРЕОТИПИТЕ Да тргнеме по шепотот на ноќните хорови Иако за нив малку знам Волшепството пристигна Во колесница од зборови Во Волшебната соба веќе не си сам.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)