соба (имн.) - го (зам.)

Делумно и необичната географија на собата го поттикна на она што се подготвуваше да го стори сега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од прозорецот на собата го гледам само звезденото небо над Париз и ништо повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го фаќа бес кога низ ѕидот од соседната соба го слуша нивното кикотење и збивтање слично на куче и ги затина ушите да не слуша или удира со бастунот на ѕидот за да ги замолчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шумовите во собата го тераа да мисли на Јана и да ја сонува, не в парк, каква што ја знаеше, туку в кревет со тој црн лекар, одмерен и пресметан дури и во љубовта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ладилникот отворен, кучката на сред соба го дојадува најденото: тенџерето со месо за дневниот ручек, половина тепсија пченкарник и сѐ што пронашла во ладилникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Милан, гледајќи ја Кети како од собата го брише и проветрува дури и најмалиот здив и мирис на Рози, ѝ рече, „Ти, Кети, не можеш да му го проветриш помнењето за неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
nap time - договорен молк, што се појавува кога некој корисник во јавната соба го следи разговорот и се меша со своите глупави забелешки
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од аглите на собата го демнеа дебели тетки со виклери во косата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Уште веднаш ќе откријам, иако предвреме, дека вечерта, кога низ затворената врата од вториот кат на "мојата" соба го слушнав гласното ’рчење на тетин ми, до некоја мера сфатив зошто спиечкиот распоред е таков каков што беше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи тетка Марија ме немаше видено никогаш во животот, веднаш почна да ме распрашува за мајка ми, татко ми, сестра ми, како и за членовите на семејството од страната на татко ми, кои никогаш не ги сретнала, но чии имиња, како по некое чудо, ги знаеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го враќаме својот долг кон сите, полека се помируваме, и исчезнува слухот и видот за светот околу нас, не постои ништо, ниту ноќта, ниту денот, пред овие предмети кои спокојството на собата го нарушуваат, тука јас признавам сѐ.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
МЛАДИЧОТ: Се разбудив. Гледам во собата го нема другарот што спиеше со мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)