соба (имн.) - владее (гл.)

Во собата владее молк. Мертен во воздухот ја чувствува мешавината од шок и надеж. Мајснер насмевнато го поддржува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на паузата тој одново погледнува во својот униформиран алтер его и на лицето на Мајснер ја забележува пресликана истата онаа здржана насмевка што и самиот ја чувствува како сака да се појави и едвај ја притиска назад.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во собата владееше тишина, а тие четворицата си подаваа некаква цигара еден на друг и скоро и да не разговараа, но затоа тивка музика допираше од касетофонот кој што во темницата не можев ни да го видам точно каде е сместен.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)