соба (имн.) - бев (гл.)

Немаше значење што собата беше мала, пикната во еден зафрлен дел од хотелчето и што смрдеше, најмногу од теписонот, никогаш непроменет и скапан. Веднаш заспав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сестра ми се плашеше од темница и заради тоа кога навечер си легнувавме вратата од нашата соба беше отворена додека таа не порасна доволно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сега не би ја оставила! Тешки беа тие две недели пред нејзината операција на ногата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во таа соба беше сместен еден офицер, а не знам што чин имаше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во контролната соба бевме Пол и јас, а Малиот Џо и Том Вилсон, кој го продуцираше Боб Дилан, беа тука за да ни помогнат, ако затреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изнајмивме едно од оние мали студија на Бродвеј.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбуди кај шест часот. Во собата беше уште потемно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Викотниците во собата беа куси и задушени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ратка имаше тотална доминација во куќата, а даљинското од телевизорот во дневната соба беше апсолутно под нејзина контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Собата беше во таа смисла по човечка мерка и вината беше само нивна што ја преполнуваа и ја правеа непогодна. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 152
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа го прашав инженерот кој работеше тука зошто чув два звука ако собата беше потполно тивка. Тој рече, „Опишете ги“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
5. Пред многу години во Чикаго ме замолија да направам музика за двајца играчи кои ги забавуваа гостите на игранката на бизнис-жените одржана во салата YWCA.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тивката соба слушнав два звука, еден висок и еден длабок.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Внатре во собата беше прекрасно, како во некоја приказна.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Такви убавини не ни се случуваат секој ден, батка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога беа сами, овие двајца старци обично си разговараа на својот мајчин јазик, но овој пат намерно одбегнуваа да зборуваат на англиски јазик, зашто и покрај нежното удирање на дождот, Рози можеше да ги слушне, зашто прозорците од нејзината спална соба беа директно над терасата, каде што разговараа тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Она што, пак, беше прифатливо да се види во нечија дневна соба беше неговата збирка постери и музички албуми од оригиналната бродвејска постава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве како сликовито го опишува тоа Христо Коцев, сведок на тој настан: “На светлата соба бевме собрани (во Гимназијата) да размениме мисли за тековни прашања.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Две столчиња, софа и маса за кафе, од стакло, хром и дебела црна пластика. Без цвеќе
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
(Господ знае какви инсекти можат тука да живеат - и земја, земјата мора да е полна со бактерии, а да не ги споменуваме пајаците, црвите и слично) и без тепих (погодно тло за буви, вошки и инсекти).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Собата беше празна како монашка келија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во аголот од собата беше доктор Краус, и ги подготвуваше инструментите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покрај него беше медицинската сестра госпоѓица Грубах и му помагаше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Акумулаторот се испразни и автомобилот не сакаше да запали, на враќање дома домофонот не сакаше да заѕвони, клучот не отклучуваше, па, барајќи преноќиште, дознав дека хотелите беа преполни и сите хотелски соби беа издадени.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не знам колку време бев така наведнат; кога се исправив сета соба беше в пламен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Целата соба беше една неизвесност, ѕидовите се оддалечуваа еден од друг, ослободуваа за невидливи сеништа и мали безоблични чудовишта темни простории без дно и без крај како некогаш одамна, во неговото детство, кога наесен умираа старците и зеленилото, умираа иако не беа заедно родени, и умираше се во неговата улица со шест џамии и еден бунар од кој ноќе излегуваа проѕирни жени со долги коси и зли, ничии јарци со бели очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше уморен до мачнина. Конфузно потскокнуваше неговото срце, вечното стоење во задушливо-мрачната соба беше преголем напор, предолго да се дава вештачко дишење беше злостор над самиот себе.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Лежеше на грб, во долга лежалка, таа беше во една права соба, собата беше во куќата, а куќата на ридот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Собата беше преполна со букети цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
За среќа, собата беше слободна и Климент Камилски небаре како птица со куферчето долета до третиот кат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговата детска соба беше војнички едноставна и скромна, како што впрочем доликува и на син на гардиски ветеран.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Валкана или чиста, собата беше рај.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Добро се сеќаваше на тој ден, раскиснат, мокар ден, кога водата течеше по прозорското окно, а светлината во собата беше премногу матна за читање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Стигнувањето до неа беше тешко и ризично, но самата соба беше светилиште.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Телекранот во дневната соба беше поставен од некоја причина во необична позиција.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Собата беше свет, простор од минатото низ кој можеа да се движат изумрените животни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во собата беше еден мој соученик од гимназиските денови, доктор, анестезиолог.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некако, таа вечер атмосферата во твојата соба беше поопуштена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На атмосферата во собата бев толку осетлив што понекогаш едвај нешто ќе прозборев.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Собата беше преплавена со глекава наквечерина; очите на памучната играчка изгаснаа во неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во собата беше студено.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Татковата соба беше осветлена, една од ретките во ноќта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Собата беше осветлена од огнените јазици.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Собата беше тивка, без никаков звук. Старецот не се ни помрдна на патосот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека таа се симнуваше по скалите, Чарлс лежеше без болки, без температура, без црвенила, а собата беше исполнета со жештината на неговата трескавична преобразба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во собата беше сè старо и дотраено: и креветот и масата и столиците.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Се обѕрна наоколу и се натажи: собата беше мрачна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Веќе се стемнуваше и во собата беше полутемно зашто, заигран со малите автомобили, заборавив да ја запалам сијалицата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во собата беше полутемно и ми требаше малку време за да ги свикнам очите, пред да почнам јасно да ги забележувам предметите што ме опкружуваа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во меѓувреме странските борци од мојата чета влегле во една соба каде што беа сместени ореви, половина соба беше полна со сламарици наполнети со ореви, одоздола до таванот спакувани.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не бевме сигурни во селото Модришќе, беше непријателски настроено кон партизаните.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Вратите на собата беа во чудесна резба, како и долапите и мусандрите, а дрвените тавани со форми на баклави, позлатени и обоени во разни бои.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас бев легната во креветот, таа седната крај мене, во собата беше изгасната светилката, па не можев да ѝ го видам лицето кога ја изговори таа чудна реченица.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Срипав од креветот и се втурнав кон неа: - Што сакаш да кажеш со тоа – една среда?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На вратата од мојата соба беше залепено уште едно писмо: „Гонцо, брат ти е „у шема”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ене, онаа, крајната соба беше наша детска, до неа е дневната, на другата страна има друг балкон, помал од овој што сега го гледаме, и таму е собата на мајка ми и татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немој да си ми ја испила кока-колата, ќе те скршам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, на баба ти Менка и дедо ти Марко?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Детските соби беа горе на катот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)