снегулка (имн.) - низ (предл.)

Се виде стрчан низ ливадата накај РЕКАТА - спокојно разбранувана - затрчан по развеаните кадрици на Јана, девојче со најчудесна коса - небаре зрело жито - и со волшебни очи, темни очи со црнки светнати како две снегулки низ летната ноќ... Oткако се знае себеси ја знае и Јана: и во забавиште заедно, и во прво одделение заедно, се така заедно како сестра и брат - ама сепак некако поинаку.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)