снег (имн.) - наоколу (прил.)

Снегот наоколу беше истапкан од добитокот, така што тука не можеше да се забележат траги од волци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа ја гледаше крвта, од која беше вапцан сиот снег наоколу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го бараше со поглед по сиот снег наоколу, што наеднаш се усвитуваше вцрвенувајќи се, што се запалуваше од таа црвенина, престорувајќи ја целата планина во една огромна кристална свежина, на која слетуваа како румена пајажина нишките на зимното огревање на денот, а сѐ, до што ќе се допреа тие, стануваше еден рубинен одблесок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, ни тоа не потраа толку долго, колку што беше потребно, за да го узрее во себе дури ни тоа чувство, кога виде како по снегот наоколу почнуваат да се редат едно по друго и да нараснуваат во приближувањето десетина издолжени црни тела, сите со муцките впиени во сиромашката миризба на крвта, чиниш врзани за тоа испружено тело во снегот со некакви невидливи врвки, кои некој сега сите заедно ги повлекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)