снег (имн.) - комшија (имн.)

Март го меша цутот со снегот Комшиите се мешаат кај што не им е место Младоста ги меша денот и ноќта Младите го мешаат коњакот со кока-кола Јас ја мешам саканата со една божица А таа постојано ми ги меша мислите * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)