случај (имн.) - кој (зам.)

Од можните соодноси Ема ми стоеше настрана иако целосно беше внесена во канџите на случајот кој зјаеше пред нас со сета неизвесност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа стоеше пред мене како птица со испрашени и спуштени крилја на подот. Молчеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Има случаи кои, пак, не припаѓаат на ниту една група.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дури и Басотова смета дека ако постоела забуна во врска со вашата пријава ова е добар момент да се затвори случајот кој и без тоа правно не постои бидејќи покренатото обвинение е без секаква основа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не постои отуѓениот предмет бидејќи не бил отуѓен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Интересна и неконвенционална, но во позитивна смисла, е и одредбата која предвидува дека во случај на спор, ако кандидатот за вработување изнесе факти дека работодавачот постапил спротивно на антидискриминаторски одредби од законот товарот на докажувањето, дека всушност немало дискриминација, преминува на страната на тужениот работодавач, освен ако овој докаже дека различниот третман е направен поради исклучоците предвидени во самиот ЗРО – а тоа, пак, е во случаите кои се однесуваат на инвалиди, постари работници, бремени жени, мајки, 15.  Тука би сакале да споменеме и еден компаративен случај од оваа област.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во врска со инспекцискиот надзор од областа на заштитата при работа, во ЗБЗР ја нема одредбата според која жалбата на работодавачот по решението на инспекторот на трудот не го одлага извршувањето на решението, освен кога се работи за случаи кои се однесуваат на повреда на закон или друг пропис за заштита при работа и на колективен договор и договор за работа со кои се уредуваат правата и обврските од областа на заштитата при работа, или ако утврдената повреда на прописите за заштита при работа претставува недостаток за чие отстранување се потребни посебни инвестициони вложувања, а при тоа животот и здравјето на работниците не се непосредно загро- зени (чл. 55, ЗЗР и чл. 50, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Измисли триста случаи кои докажувале дека сум поразумна од него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека не ми е достоен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
– Сѐ на сѐ, вистинска среќа е тоа што таа се најде овде, зашто ние сме стручни за случаи кои бараат дисциплина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Марија стоеше во средината на просторијата, до столчињата и вазата без цвеќе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)