случај (имн.) - го (зам.)

Како да им се одолее на униформирањето, хомогениза­цијата, културалното или јазично-посредувачко изедначување, на поредокот на предочување и на една неверојатна исплатливост?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секогаш треба да се преземе некоја одговорност (етичка или политичка), треба да се превладеат спротивставените одредби и формата на апорија со некој тип искуство на неможното, бидејќи, во спротивно, примената на правилата од страна на свесниот и на себе истоветен субјект, кој објективно секој поединечен случај го подведува под општоста на одреден закон, ќе води, напротив, кон неод­говор­ност, ако не и кон неверојатната единственост на одлуката што се донесува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди: — За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега пак случајот го издигнал за литературен јазик на Бугарите источното бугарско наречје што се наоѓа на крајната спротивна страна од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од двата европски модели за нацијата, Третиот свет во најголем број случаи го усвои оној полошиот и тоа со активен благослов на учените луѓе од Запад. (...) Имено, токму во моментот кога на другиот човек му се враќа неговата култура, му се одзема слободата: неговото сопствено име исчезнува во име на неговата заедница; отсега тој е само примерок, безличен претставник на еден посебен вид суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој случај го избрав поради повеќе причини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Исто така, тој им нагласува и дека ако не му биде одговорено на барањето, ќе мора решението на проблемот да го бара по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира дека претходно Митревски случајот го пријави и во Трудовата инспекција, но и оттаму никогаш не му е дадена информација за тоа дали е направена контрола во установата и што е исходот од неговата пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, вториот случај го вклучувал она вообичаено човечко: да се надева додека е жив.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Миха го знаеше сето тоа, дали го насетуваше или го наслушуваше не е важно, но во секој случај го чувствуваше како приопашка, која итрите деца му ја прикачуваат на маалскиот будалетинка.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Господе боже, колку многу овој случај го погоди младото и чисто срце на другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Истиот случај го имав и со Кери Грант (Kerry Grant) во Сомнеж многу години подоцна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За Филип Д. настанов беше само интересна тема или поточно добар потег на умешен маркетингшки претставник кој и во овој случај го беше искористил методот на соблазнителното поткревање на завесата зад која речиси ништо не се наѕира.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но не онаа позната сеопшта и безмилосна вистина спремна да ти ја положи главата и на трупец, под сечилото на некој груб аргумент со тежина на непознат метал. (Поетот во наведениов случај го користи зборот метал надевајќи се дека на тој начин ги избегнува грдите асоцијации што го следат зборот гилотина).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Она што потоа следеше, беше малку срамно за фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не, умре сосем ненадејно: несреќен случај го прекина неговиот живот, а она што се случи по неговата смрт беше и неговата најголема тајна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)