служба (имн.) - и (сврз.)

Одделот за специјални операции (СО) во Лондон бил задолжен за преземање и раководење со саботажи, за помош на движењата на отпорот и на народноослободителните движења, како и за герилски акции на териториите окупирани од силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но само еден месец подоцна, институционалните противници на ОСС им нанеле уште еден удар на обидите на Донован за единствена организација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За нив интересите на Македонија се едно средство да добијат служба и да се одржат на неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како главен центар на европскиот континент служел Лондон, а бил формиран при крајот на 1941 година, со цел да се олесни соработката меѓу сојузничките разузнавачки служби и да послужи како база за преземање шпионски активности и операции во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено, промената на името во ОСС претставувало напуштање на „белата“ пропагандна мисија, но истовремено тоа претставувало и реализирање на желбата на Донован за име што ќе го покажува неговото чувство за „стратегиската“ важност на разузнавачката служба и на тајните операции во современата војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)