слуга (имн.) - кој (зам.)

И огледало веќе не употребуваше при чешлање на косата за да не си го види лицето; па дури и на изворот кога полнеше вода со ѓумовите, не си го загледуваше својот лик во водата; кога врвеше низ манастирскиот двор кон црквата да се моли, минуваше со забрзани чекори за да не се сретне со погледите на манастирските слуги кои зрчеа во неа; и кога ќе минуваше крај чардакот каде што седеа полковниците, ја вртеше главата за да не ги судри очите со нив; но Бонети ја гледаше упорно и пред очите му излегуваше она нејзино прекрасно тело, кое тој во текот на епитимиите што ѝ ги правеше отец Иларион, ѝ го гледаше скришум низ прозорчето поткачен на столче; гледаше како отец Иларион ѝ го покриваше со покривката голото тело допирајќи ја со прстите по меката кожа што во студената ќелија ѝ гореше; го гледаше тоа голо тело, како и возбудата на отец Иларион кој се кршеше во себе и се мачеше да се воздржи, одложувајќи можеби за подоцна, кога ќе ѝ преболи болката, кога ќе се вразуми.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Јас - рече високиот и сув маж – сум Порфирогенис, член на ЦК на КПГ и заедно со моите другари дојдовме да ви донесеме борбени поздрави од вашите татковци, мајки и браќа кои херојски и несебично се борат за слобода и демократија и против англоамериканскиот империјализам и нивните домашни слуги кои си седат во Атина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бегот првпат го видов не кога отидов таму, зашто тогаш ме зедоа постарите прислужници и ме однесоа во помошните згради зад сарајот, туку подоцна еден ден кога јас се најдов близу до предниот двор на жолтата голема зграда со долги правоаголни прозорци и оттаму можев да го видам како се качува на еден дораст коњ, опкружен со слуги кои, кога коњот се препна под шибањето на мамузата, се тргнаа скраја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој плесна двапати со рацете и му даде некаков ишарет на слугата кој веднаш се појави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)