слој (имн.) - боја (имн.)

МИХАЈЛО: Ова не се лупи. Ова не е слој боја. Ова е ѕид. Сликано е на влажен малтер.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Слој врз слој боите на варта. Од подамнешни и од сегашни времиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Панелите се покриени со дебели слоеви боја без траги на четка, така што стануваат ефектно беживотни, лишени од оптичката подвижност и виталност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Површините на неговите слики униформно се покриени со сјајни „бои за домаќинство“ и со вообичаената колористика за клинички и тоалетски простории, бела, магнолија, пинк.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)