сликар (имн.) - го (зам.)

Кога зборуваме за уметничко дело, зборуваме за нешто многу опипливо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога вајарот го претвора каменот во тело, или кога сликарот го изразува телото како сплесната слика, тие секогаш се држат до сопственото физичко доживување, до своето интимно поимање дека се тело, од каде што неминовно следи чувството дека се личност, како што Фројд го формулирал тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој е осуден да го повторува овој компулзивен премин поради тоа што открил дека му е тешко да остане топол, и одвнатре и однадвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во нејзините толку убави и толку сини очи сликарот го виде и го осети собрано и згаснато сето она што овде го возбудуваше и сладосно го измачуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговиот пријател сликар ги собира овие купчиња на едно место - тоа го прави со лопатче и метла, направа слична на оние кои по Келнските улици ги користат сопствениците на кучиња како израз на нивната добра волја да се сочува чистотата на градот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор е сѐ повеќе во воздух; имено, неговите лебдеења се се подолги.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега Фјодор веќе не излегува од својата сукња и од креветот. Ќе пролебдее малку низ собата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш неговиот пријател сликар го наоѓа заспан во левиот или десниот горен агол на просторијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Откако купот достигна висина од пола човек, Фјодоровиот пријател сликар го нагнете во едниот од двата бидермаерски шифоњера.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во дворот Сликарот го дочека домаќинот Хасан, кој требаше да се грижи за него во сите денови на престојот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сликарот го прочита писмото, повторно го полазаа морници и повторно се стресе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)