сирење (имн.) - го (зам.)

Јас се поздравив и заминав угоре по патот и цело време си мислев дека најверојатно не ќе можам ништо да каснам зошто горе ме чекаше цела сурија гладници.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со мене носев една англиски курка, па едното парче сирење го скрив под неа, а другото го носев заедно со лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме десетина овци и кози и произведувавме сирење, но ние јадевме урда и матеница, а сирењето го продававме за речиси ич пари...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога ми натрчаа другарите за миг целиот леб го снема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Успеав само колку еден залак да го пробам а парчето сирење го зеде чичко ми и тој го подели по една трошка на оние кои не каснаа од лебот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Движењето почна, а јас мртва гладна, па уште и сирењето не можам да го пробам, чекав да се стемни па тогаш да почнам да јадам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се стемни почнав малку по малку да штипам и целото сирење го изедов, не мислејќи дека ќе зажеднам за вода.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)