сино (имн.) - око (имн.)

Строгоста на неговото лице, со црните крупни веѓи над сините очи, едноставно, беше исчезнала.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Старице, ме гледаш со сините очи низ топлата пареа од витлерите на твојата седа коса -такви ми се очите од раѓање; Го пушташ твојот јазик и гледам ќе ме прашаш, низ прозор не умеам да гледам а колку ѝ е чудесен тој на девојкава до тебе; Избрчкана рако, помрднуваш кон мене не ти се моите очи мета на кому кому како што ли ни смета?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Јавнати врз Месечината, по небото јаздеа двајца патници од земјата, куклата со сините очи и малото гумено мече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но пред себе здогледав три пара на прекрасни детски очи-небесно сините очи на најмалиот Патрик, зелените очи на Ален и кафеавите очи на Оливие кои беа слични како очите на неговата мајка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во сините очи на Томо како да се беше влеала матна река.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Може! - со восхит му одврати Рада, огледувајќи го својот лик во сините очи на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во сините очи кои нудеа мирно море.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа беше Боб Њувел, братучедот на Рози. За миг Боб застана за да се совлада, а сините очи му заскитаа кон совршено обликуваниот терен и кон благотерасестите косини, сега посадени со столбови за звучници, во редици кои одговараа на кривините на косините, секој столб закотвен за цементен блок.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Are you from Sweden?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Југословенките по плажите се лепеа на музичарот со сините очи како муви на мед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Од сините очи под стаклата на очилата му розгаше водникава крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Полека потемнуваше синото око горе. Се исцеди од него светлината и во неговата модрина се собраа треперливи ѕвезди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јажето падна врз главата на Арсо. Синото око горе остана празно и чисто.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се чувствував некако поделена на две: штом едната Јас ќе помислеше на сините очи на Мартин и на неговото светло, нежно и малку бебешко лице, со мало перче руса коса небрежно падната врз челото, другата Јас веднаш ќе ги здогледаше темните очи на Игбал, длабоки како ноќ падната врз неговото чоколадно лице.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не го слушна кога си го кажа името? – се зачуди таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев збунета и вознемирена. - Нема потреба од вознемирување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беа полни со смеа, со дружења и со разговори, и уште на сето згора оние очи на Мартин кој одвај го познавав, а веќе ми се всели во мислите, тие очи, токму такви како сините очи на мојот идол артистот Леонардо ди Каприо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако останев во градот, ми се укажуваше шанса Мартин подобро да го запознаам и почесто да се дружиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Оној со сините очи? – ја препрашав иако знаев на кого мисли. – А од каде пак ти дозна како се вика?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Белата раса, сините очи, убавината.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Улицата како порој се лееше во широчината, тук матна од тажните паксти на луѓето и децата, ту бистра од сините очи на Ана, од гласот на Андона, од гитарата на студентите.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сите три, ама таа со сините очи, Снеже се вика, најмногу.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)