син (имн.) - мој (прид.)

Некој тропна на вратата: беше мајка Ленче: „Сине мое, ајде да станиш, ќе излегваме.“ влегувајќи рече со грижа во гласот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Затова сакам да учиним праведниј суд, да истргнем создание сина моего от твои руки.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Оставив да се грижи Јордан Илиев, момчето на ќерка ми Менка и Санде, синот мој, тогаш имаше осумнаесет години.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зошто имаш гол грб, Сине мој?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Тешко е да се разбере војната, Мајко! - рече еден од браќата. – Сине мој, сполај му на Бога, ти не виде војна. И никогаш, да даде Бог, да не ја видите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)